Ми недостасуваат твоите прегратки, бакнежи, гласна смеа: Ванеса Брајант емотивно за роденденот на починатиот Коби Брајант

Ванеса Брајант со емотивна порака до нејзиниот покоен сопруг Коби Брајант и нивната ќерка Џиана.
Коби на вчерашен ден ќе наполнеше 42 години.

"На мојата љубов - Среќен роденден. Те сакам и ми недостигаш повеќе отколку што можам да објаснам. Посакувам ти и Џиџи да бевте тука за да прославиме! Посакувам да можам да ви ја направам вашата омилена храна или роденденска торта. 

Ми недостигаат твоите големи прегратки, твоите бакнежи, твојата насмевка, гласната длабока смеа “, напиша Ванеса на Инстаграм.

"Ми недостасува да те задевам, да те насмеам, ми недостасува да ми седиш во скутот како големо бебе. Цело време размислувам за твојата нежност и трпеливост. Мислам што би правел ти во ситуацијава за да ми помогнеш да се справам со сè што ми се случува.“ 

Коби Брајант, 13-годишната Џиџи и седум други загинаа во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, на 26 јануари. Ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс и други луѓе во авионот беа на пат за кошаркарски натпревар.

"Нашите животи се толку празни без вас двајца. Јас сум целосно скршена. Сакам да плачам, но ставив насмевка на лицето за да ги направам деновите на нашите ќерки малку посветли. Јас не сум силната, тие се. Сигурна сум дека сте горди на нив. Тие секојдневно ми ставаат насмевка на лицето “, напиша таа.

"Посакувам да се разбудам од овој ужасен кошмар. Посакувам да ги изненадам нашите девојки и да ве пречекам тебе и Џиџи дома.  Јас одсекогаш сакав да заминам прва. Требаше јас на тебе да ти недостигам. Џиџи требаше да биде овде со нејзините сестри. Требаше тоа да бидам јас “.

Таа се заблагодари на Коби што и' покажа што е вистинска љубов, „доволно ме сакаше да трае за неколку животи“ - напиша таа.

"Наталија, Џиана, Бјанка, Капри и јас ти посакуваме среќен роденден љубов. Те сакам сега, секогаш и засекогаш “, напиша таа.

извор:ctvnews.ca

Сопругата на Коби Брајант најде писмо: „За љубовта на мојот живот, твојот Папи“