Ми требаше храброст да го споделам ова видео: Кумановката Ивона покажа колку се променило нејзиното тело

Добивај вести на Viber

Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, покажа до каде е со слабеењето преку видео каде ја покажува неверојатната трансформација на телото.

- Можеби повеќе од 4 часа се прашувам дали да го споделам видеото или не. Ми требаше храброст…
Иста просторија, различни луѓе. Различен mindset, различни навики, различен пристап кон вежбањето и исхраната. И конечно на второто видео љубов. Голема љубов. Благодарам Ивона. Ти благодарам за се' - напиша пејачката покрај видеото каде покажа колку се променило нејзиното тело по операцијата на желудник, кога започнала да води и здрав начин на исхрана и да вежба.

View this post on Instagram

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Таа сега редовно вежба, а минатиот месец рече дека веќе се збогувала со 63 килограми и гордо покажа како сега со двете нозе влегува во едната ногавица од панталоните кои ги носела пред година и четири месеци.

- Од август 2021 до сега, ги војував најтешките битки но се запознав себе си во поинаква димензија. Силна, издржлива и дисциплинирана - напиша пред неколку дена,

View this post on Instagram

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Секоја чест за упорноста!

 

View this post on Instagram

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)