Ми вградија спирала за да не можам да имам деца: Бритни Спирс конечно раскажа сè и полошо е отколку што мислевме

Поп принцезата со години тврдеше дека сè е во ред во нејзиниот живот, додека нејзините обожаватели непрестано се борат да ја ослободат пејачката од присилното старателство под кое се наоѓа. Сега, Бритни Спирс конечно застана пред судот и го опиша својот живот, кој е потежок отколку што замислувавме.

Пред дури 13 години, судот нареди старателство над пејачката Бритни Спирс, во рацете на нејзиниот татко Џејми Спирс и адвокатот Ендру Волт, откако беше утврдено дека пејачката користела неидентификувани супстанции и имала ментални проблеми со кои се соочувала.

Старателскиот тим, предводен од таткото на поп-sвездата, оттогаш целосно ги контролира нејзините финансии и приватниот живот, па затоа нејзините обожаватели го основаа движењето ослободете ја Бритни, free Britney, за да шират свест за тоа низ што поминува Спирс и надлежните да ја поништи оваа одлука.
Меѓутоа со години пејачката тврди дека е среќна и објавува фотографии и записи од нејзиниот наводно идиличен живот на Инстаграм, а многумина тврдат дека изгледа изгубено и несреќно.

Бритни, која постојано се обидува да се ослободи од овие законски ограничувања далеку од очите на јавноста, вчера, сепак, се обрати на суд во Лос Анџелес и побара да ѝ се врати можноста да одлучува за нејзиниот живот, а американската и светската јавност беше шокирана по серијата тврдења што ги изнесе.

„Сакам ова да заврши - навистина верувам дека ова е злоупотреба”, рече 39-годишната Бритни Спирс.

Таа рече дека сака да основа семејство со своето момче Сем Асгари, но дека тоа е спречено затоа што има вградено спирала во неа, против нејзина волја.

- Сакам вистински живот. Би сакала да можам да се омажам и да родам бебе. Сакам да ја извадам спиралата за да се обидам да имам уште едно дете, но овој т.н. тим, не ми дозволува да одам на лекар и да го сторам тоа - рече Бритни.

Таа рече дека во 2018 година била принудена спротивно на нејзината волја да оди на турнеја и дека ѝ се заканувале дека менаџментот ќе ја тужи доколку не го стори тоа.

- Беше заканувачки и страшно. Отидов на турнеја од страв - рече пејачката, која потоа ги допре сите, велејќи ѝ на судијката: - Госпоѓо, јас не сум ничиј роб.

Таа рече дека лажно ја обвиниле дека не ја пиела пропишаната терапија, по што новиот доктор и дал литиум.

 Литиумот е многу, многу моќен и сосема поинаков лек од оној на кој сум навикната. Се чувствував пијано... Не можев ни да разговарам со моите родители - се присети Спирс и рече дека му рекла на нејзиниот татко колку се плаши од новиот лек, а тој не сторил ништо и веднаш ја заклучил во центар за рехабилитација против нејзина желби, во Беверли Хилс.

- Тој одобри сè. Плачев на телефон еден час, а тој уживаше во секоја минута... Ја обожаваше контролата што ја имаше додека ѝ нанесуваше болка на сопствената ќерка - изјави Бритни.

Пејачката изјави дека продолжила да работи и да оди на терапија седум дена во неделата, без пристап до нејзиниот телефон, платежни картички, готовина или пасош.

„Единствено слично на ова е трговијата со секс“, рече пејачката.
- Сакам да си го вратам животот. Сакам мои пари, сакам ова да заврши. Искрено, би сакала да можам да го тужам моето семејство, да бидам целосно слободна.

Адвокатот на Џејми Спирс, таткото на пејачката, истакна дека му е жал што Бритни страдала, дека ја сака и му недостасува.

извор:GLOSSY

Поврзани вести:

Расплакана, бремена и со бебе во прегратка: Приказната зад најтажната фотографија на Бритни Спирс ќе ви го скрши срцето

Вистината за Бритни Спирс: Зошто и како нејзиниот татко ја држи во “канџи“