Ми забранија да се движам: Наташа Мерсовска искрено проговори за ризичната бременост

Тримесечната Каја е центарот на светот на новинарката Наташа Меросвска, уредничка на бизнис вестите на „Сител“. Шарматната новинарка вели дека раѓањето на Каја ја направило подобра и поодговорна линост. За Женски магазин, Наташа раскажа за тоа како ѝ поминуваат деновите со ќерката, но и за ризичната бременост поради која била многу исплашена. 

„ Каја има неполни три месеци и од ден на ден станува се пољубопитна и поинтересна. Обично наутро е најрасположена, па со многу бакнежи, гушкања и милувања го започнуваме денот. Сега знае да нѐ награди и со убава насмевка. Преку ден е мирна, си спие без проблем, станува кога е гладна и за кратко пак си заспива, но затоа пак од 19 или 20 часот, кога ќе  почнат грчеви, знае да биде напорна. Сака само во раце да биде и да ја шетаме, па ако имаме среќа заспива  до 12 , ако не, во 1 по полноќ“, ни откри Мерсовска за секојдневието со својата ќерка. Каја е многу мала, додава Меровска и сѐ уште е многу мала за да каже дали личи на неа или на сопругот. 

Каја има сини очи како татко ѝ. Кога ќе се налути го собира челото и тогаш е иста како Александар.- Наташа со семејството 

„ Наследила гени и од едниот и од другиот. Има сини очи како татко ѝ( се надевам дека нема да и се променат), формата е како моите. Кога ќе се налути го собира челото и тогаш е иста како Александар. Формата  на лицето, носот и устата мислам дека ги наследи од мене.  Најважно е да биде здрава, своја , паметна и секако да личи на мама“, хахаха. Она што таа и сопругот најмногу  го посакуваат е Каја да прерасне во одговорна, амбициозна и независна личност, која ќе ги цени и почитува луѓето без разлика на нивниот  статус, етничка или сексуална определба. 

Сппред Мерсовска, кога двајца партнери се одлучуваат на заеднички живот и планираат дете,  нормално е тие да се грижат за него,  да не чекаат помош од други. Таа вели дека генерациската  разлика со родителите знае да доведе до  непотребен конфликт и нервоза. 

„ Воспитувањето и одгледувањето на децата треба да е наше.  Затоа со сопругот Александар  си ги поделивме обврските. Тое е задолжен за капење , јас за менување пелени. Преку ден се грижам јас, а кога ќе дојде од работа, тој.  Александар има приватен бизнис за изработка на туш кабини и стакло, па знае да работи и во сабота, што значи  најголем дел од времето  го поминувам сама со Каја.  Моите родители се во Битола, мајка ми ни помагаше и беше кај нас првите 40 дена, додека мајка му на Александар секој ден ни носи ручек, така што помош имаме. Родителите се секогаш тука за нас, кога ќе им побараме, тие ќе ни помогнат“, ни раскажа Наташа.   

„ Од секогаш сум била одговорна личност, сега мислам  дека ќе бидам уште поодговорна. Рано е да кажам дали и колку ќе ме промени мајчинството, затоа што сега сум дома, заедно  со Каја. Не знам како ќе биде утре кога ќе треба да ја оставам со непозната жена или кога ќе почне  во градинка“, додава таа. Мерсовска вели дека знае оти приоритетите ѝ се  променети,сега Каја е центарот на светот. 

„Ќе направам сѐ за да и овозможам среќно детство, добро образование и да ја насочам кон вистинскиот правец  во животот“, ни раскажа познатата новинарка. 

Уште кога се роди Каја, таа отворено, на својот Фејсбук профил објави дека е среќна што родила здрава ќерка и покрај ризичната бременост. Приказната на Мерсовска продолжува со тие, неубави денови од нејзината бремност кои ја исплашиле. 

Воспитувањето и одгледувањето на децата треба да е наше.  Затоа со сопругот Александар  си ги поделивме обврските. Тое е задолжен за капење , јас за менување пелени

„ Веднаш штом дознав дека сум бремена заминав  во Битола, за да им ја кажам на родителите убавата вест. Но, дента пред да се вратам во Скопје обилно искрварив и ме хоспитализираа во болница неколку дена. Крварењето го предизвика хематом, кој беше поголем од плодот и  според обајснувањето на докторите се јавува и без некоја причина. Ми беше строго забрането движење. Кога крварењето се намали, по два месеци се вратив во Скопје, каде што ми ја водеа бременоста и продолжив со контролите . Имам и вредена тромбоцитопенија, односно помалку тромбоцити од нормално, па колку што одев кај гинеколог, толку посетував и трансфузиолог и хематолог. Голема благодарност до др. Седула Усеини и Лазе Чадиевски, Чочоровска и Бојаџиев, кои постојано следеа како се движат вредностите и дали е неопходна терапија.  Среќа, бев во сигурни раце, најдобрите стручњаци се грижеа за мене и на крајот на ноември се роди Каја“, сподели Наташа за тешкиот и неизвесен период.   

„ Секако дека страв постои, но чувството дека носите плод во себе и љубовта кон него ви дава сила и храброст да не се откажувате“, порача новинарката. „Оптимист сум во животот, па во тие моменти најголема поддршка си бев самата себе си, цврсто верував дека бременоста ќе заврши  успешно. Поддршка секако имав и од најблиските, како и од сопругот“. 

Новинарската работа е стресна, а Мерсовска за неколку месеци треба повторно да им се вратиш на работните обврски пред Тв камерите. Таа е искрена кога вели дека едвај чека да се врати на работа. 

„ Почетокот на август треба да се вратам на работа и искрено едвај чекам. Премногу долго, веќе 10 месеци сум дома и за човек кој е навикнат секојдневно да комуницира со  милион луѓе и да биде постојано во движење , да останеш сам, врзан за кревет, не е баш едноставно. Сега е време на вируси, морбили, загаден воздух, па се плашам да излегувам со Каја. Но еве сега затопли, да им се враќам на старите навики, прошетки во парк и на Водно, пиење кафе и ручек со пријателите. Планови кој ќе ја чува после август, немам, би сакала првите две години да најдам доверлива жена, но и градинка би бил добар избор. Ќе одлучиме кога ќе дојде време за тоа“, вели Мерсовска. 

За породилното отсуство, Наташа смета дека сосема се доволни тие девет месеци, но она што според неа недостасува кај нас е поголема грижа на компанијата за вработените. „ Пред повеќе од 10 години бев во посета на Дојче Телеком во Бон, каде што во рамките на компанијата има и градинка. Таму вработените ги оставаат своите деца додека се на работа, а за време на паузата можат да ги  видат или да ги надојат. Искуството покажало дека работниците многу побрзо од предвиденото породилно отсуство се враќаат на работа и се попродуктивни на работното место. Уште тогаш се воодушевив од идејата, но знаев дека сѐ уште е далеку за Македонија. Дури сега, но само мал  дел од фирмите и едно министерство (за финансии) почнаа да го практикуваат тоа, па во иднина би сакала таква можност да имам и на моето работно место“, раскажа Наташа за своите желби и планови.

Милица Џаровска