Миа Костова на хумористичен начин ја доловува ситуацијата со јавната администрација: Ќе ве насмее, но многумина и ќе се пронајдат

Без влакна на јазикот, препознатлива по нејзината искреност и како една од највлијателните инфлуенсерки кај нас, Миа Костова во друштво на Тијана Скулиќ, црпејќи инспирација од секојдневието објави саркастично, а сепак толку вистинито видео за ситуацијата со јавната администрација кај нас.

Колку пати сте наишле на непрофесионално однесување по шалтерите на институциите, колку пати ве изнервирале, ве вратиле за еден потпис? Колку пати сте ги затекнале како лакираат нокти или си разговараат приватно на телефон додека вие чекате?

Сето ова и многу повеќе го прикажува Костова во видеото за кое и самата посочува дека целта е да насмее, но не е далеку од реалноста.

Покрај тоа што забележливо добро се снаоѓа во актерските води, Костова навистина на хумористичен начин успева да ја долови ситуацијата со јавната администрација кај нас.

Погледнете: