Инфлуенсерката Миа Костова на Водици го крсти синот Андрија (ФОТО)

Познатата инфлуенсерка Миа Костова денеска на Водици во Охрид го кршеваше синот Андрија.

Церемонијата се случи по осветувањето на водите во Охридското езеро.

Таа со следбениците на Инстаграм, во стори објави фотографија од црква на која тој позира со неговата кума.


Миа е интересна за медиумите поради нејзината искреност и приказните за кои нејзините следачи на социјалните мрежи веднаш „се лепат“. 

Живее исклучиво од инфлуенсерството, но вели дека не се плаши од било каква друга работа која ќе ѝ донесе добар живот за неа и за синот Андрија. Како самохрана мајка, гордо изјавува дека од првиот ден самата се грижи за синот без никаква финансиска и физичка помош од никого. 

Од професијата која е релативно нова на пазарот, преку начинот на исхрана кој ѝ е честа борба, до есетстките зафати кои ги направи, Миа отворено зборуваше за Женски магазин.