Мил мој, би сакала да те гушнам: Синоличка Трпкова за Горан Стефановски

Добивај вести на Viber

Познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова со емотивна посвета се прости од Горан Стефановски кој ненадејно почина пред три дена.

- Мил мој Горан, би сакала да те гушнам и да ти кажам дека сиот овој период ми даваш смисла и љубов што сакам да ја расфрлам на земјава, овде, да фати корен, да истрае како пиреј. Секоја средба со тебе и Унко за мене била празник. Среќна сум што можев од близу да видам како изгледа раѓањето на едно твое дело и да го почувствувам детето во тебе. Го прелистувам Бушавиот буквар и ми иде твојата насмевка пред очи кога кажа - да, ова ќе биде буквар на љубовта. И така бидна! – напиша таа на „Фејсбук“.