Миленичка која диктира трендови: Рошин Марфи во Скопје благодарение на А1

Некогашната членка на електро составот „Молоко“, поп-ѕвездата Рошин Марфи, на 14 септември ќе настапи бесплатно на платото пред А1 Арена (С.Ц.Борис Трајковски).

Музичарката, која имавме можност двапати да ја погледнеме во живо во Скопје, еднаш со својот поранешен бенд, и друпат како соло-изведувачка, важи за една од најуникатните појави на современата музичка сцена. Со години важи за една од најдобро стилизираните пејачки, дама која инспирира нови модни трендови. Марфи е миленичка на многу модни креатори и често седеше во првите редови од модните ревии.

Љубителите на добриот звук освен во перформансот на Рошин, ќе имаат можност уживаат во големиот A1 World of Music спектакл на кој ќе настапат и Каролина Гочева со Македонска филхармонија, Влатко Лозаноски, бендот Funk Shui и Dj Alle Farben.

„Дојдете заедно да отвориме еден сосема нов свет на музиката.А1 - Секој твој свет!“, порачуваат од телекомуникациската компанија.

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата – А1.