Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година
Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година, на официјалниот избор на Мажи на годината за 2019 година во организација на првиот онлајн магазин за мажи Friday.mk. На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2019 година.
На вториот официјален избор се избира мажите на годината за 2019 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Мислав Галер. Првиот човек на А1 групацијата во Mакедонија ни доаѓа од Хрватска и важи за личност кој е доста приземен со џентлменски манири покрај главната награда ја освои и наградата за Маж странец во Македонија со што само го потврдува патот кон успехот кој го има зацртано.
Во категоријата Менаџер на годината за 2019 наградата ја доби Арсим Папранику, сопственик на Нептун и Skopje East Gate, наградата Млад менаџер отиде во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ сопственици на македонскиот бренд за изработка на одела Сињори, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе генералниот директор и претставник на Gulf Македонија, Владимир Стајиќ. Маж со најголем придонес во културата беше избран пејачот со најубав глас Влатко Лозаноски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Елиф Елмас. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Енвер Малиќи сопственик на Гемак и Хотел Парк, а заменик градоначалникот на СКопје и почесен конзул на Мексико се заѓити и со наградата за Маж со трајни вредности. Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Стојанче Стоилов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Габриел Стибел, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Божидар Јанковски.
"Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација, ги славевме успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Овој настан не прави многу сме среќни бидејќи успеавме успеавме да направиме настан кој втора година буди огромен интерес во јавноста. На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати. Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“, изјавија организаторите од онлајн магазинот Friday.mk.
Идејата за реализација и организација на настанот е на првиот онлајн машки магазин Friday.mk inc, а беше поддржан од DoubleTree by Hilton Skopje, Орбико Анабела пафимерии, Шел, Диор, Бест Веј Инвестмент, Пивара Скопје, Амстел, Швепс, Габиачи, Тиквеш и ЛР, Аутомобили Груп, Јагуар и Ленд Ровер, Медисеи, Пантенол Екстра, Фабрика Карпош, ЛГА, и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа поддршката.
"Голема благодарност сакаме да искажеме до нашите поддржувачи кои заедно со нас го направија овој настан да биде ваков како што е. Благодарност голема до жири комисијата која втора година по ред има една тешка работа да одлучи во нијанси кој ја заслужува помалку или повеќе оваа награда. Благодарност до сите медиуми кои ни дадоа максимална поддршка во текот на овие неколку недели.Посебна благодарност до ТВ 24 кои оваа година ги земаа правата за снимање и емитување на настанот, со што целокупната македонска јавност ќе може да ужива во овој преубав настан."
По официјалниот дел гостите уживаа во забавата во добра музика и пијалок на кој ги споделуваа своите импресии, за време на доделувањето гостите добија пријатно изненадување со музички настап на Мажот со најголем придонес во културата Влатко Лозаноски.