Мислеле дека е вирус, а му откажале органите: По лекарската грешка едвај останал жив

Фото: Printscreen/Facebook

Боби Гоинс, татко на три деца, мислел дека има само корона, а завршил на операциона маса

Му била вградена пумпа за срце бидејќи лекарите погрешно ги протолкувале неговите симптоми. Боби е млад човек кој за малку ќе умрел од воспаление на срцевиот мускул!

„Бев изложен на корона на новогодишната ноќ. Уште првиот ден по празниците седев на компјутер и ги почувствував симптомите. Главата пеколно ме болеше, но тоа го препишав на тоа што гледав во екранот премногу. Но таа вечер кога се разбудив се чувствував како да се гушам. Не можев да дишам, се борев за воздух. Наскоро имав висока температура, како и позитивен резултат од ПЦР тестот“, раскажува тој „Одлучив да се ставам во карантин во мојата работна соба, така што мојата сопруга и трите мали деца небеа изложени на вирусот. Но следеше влошување. Веќе за 24 часа имав грозница и болки во градите Го контактирав лекарот кој ми рече дека сето тоа е од короната“, додава Боби.

Симптомите беа чудни, а самиот не можеше да процени што не е во ред со него.

„Таа ноќ болката ми беше како да имам срцев удар. Нозете ми се вкочанија, а нозете и рацете ми трнеа. Се борев да дишам. Почнав да повраќам, иако едвај јадев тој ден. Се плашев да не ја разбудам жена ми, да не ме гледаат децата така. Се јавив на итна помош на телефон и ме однесоа во болница“.

Ми направија ЕКГ, КТ, ултразвук... И конечно сфатија што не е во ред со мене.

„Докторот влезе во ординација и ми рече да се јавам на сопругата на телефон. Срцето ми се спушти во петици, не бараат да се јавиш на член на семејството ако е сè во ред. Ја ставив на звучник и го слушав докторот како вели - срцето на вашиот сопруг не работи како што треба Засега е во ред, но не сме сигурни колку време ќе потрае“, се сеќава тој.

„Во тој момент пулсот во мирување ми беше двојно повисок од нормалниот. Беше како да трчам на трка. Не правев ништо, а срцето ми чука како лудо, не можев да дишам... Подоцна дознав дека срцето не пумпа доволно крв низ моето тело и дека органите ми откажуваат. Имав итна операција и ми беше инсталирана пумпа која ми го спаси животот“, рече тој.

„Закрепнувањето траеше повеќе од еден месец, лежев во болница слаб, не смеев да им се јавам на децата со видео повик за да не ме видат во таква состојба. Кога конечно бев малку подобро, дојдоа да ме посетат. Помислив, каков е овој благослов, ми се случи страшна работа, но сега сум добро“, вели тој.

Конечно, тој има совет што им го кажува на сите.

„Никогаш не игнорирајте неочекувано или ненормално чувство во вашето тело. Секој симптом е знак што вашето тело ви го испраќа дека нешто не е во ред", вели Боби.

Извор: www.najzena.rs