МИСТЕРИЈА КОЈА ТРАЕ ОСУМ МЕСЕЦИ - уште ја нема младата Марија Брзакова, каде ли е?

Една од најголемите мистерии во земјава, исчезнувањето на младата жена Марија Брзакова од струмичкото село Босилово, уште нема разрешница, ниту по повеќе од осум месеци откако исчезна. 

Таа исчезна уште на 18 јануари годинава, но оттогаш нема ни трага ни глас од оваа жена, а надлежните велат дека немаат никакви новиинформации.

Од обвинителството велат дека се уште не ја прекинале потрагата по 29 годишната млада жена и велат дека таа официјално се уште трае. 

„Нема ништо ново за тој случај. Кога би имале повеќе информации, ние бу ги споделиле со кавноста. Инаку, потрагата се уште трае, се додека не е затворена истрагата, потрагата же трае“, објаснуваат за Фактор од Јавното обвинителство. 

Во изминатиов период се проширија бројни шпекулации за Марија, што е и лочично за еден вака мистериозен случај. Една од нив беше дека Марија можеби ја напуштила земјава, иако тоа е многу тешко веројатно, бидејќи како што кажаа нејзините најблиски, таа кога заминала, кај себе немала лични документи. 

Повеќе информации прочитајте на Фактор.мк