Многу е тешка позицијата на жената во спортот: Едина Муса искрено на Профемина

Добивај вести на Viber

„Многу е тешка позицијата на жената во спортот во Македонија. Условите се на многу ниско ниво, спонзорите воопшто не се заинтересирани за женски спорт. Да се вложи во женскиот спорт само една шеснаесетинка од она што се вложува во машкиот спорт, ќе постигнеме многу“, сподели со публиката поранешната кошаркарка Едина Муса, на втората панел дискусија на Регионалната конференција за жени Профемина.

Муса, заедно со уште четири жени кои се активни во спортот се обратија на денешната втора панел дискусија „Жената во спортот“ .

Својата приказна ја раскажа и водителката и пилатес инструкторка Снеже Велков, која патем и ги раздвижи присутните со малку вежбање.

На панелот присуствуваа и интернационалната фудбалска судијка Билјана Миланова, и фитнес инструкторката Елена Бубало.

Планирано е да се одржат пет панел дискусии, на кои треба да се дискутираат различни теми на кои акцентот ќе биде ставен на убавината, негата, здравјето, на се’ што е важно за припадничките на понежниот пол.


Фото - Убавина и здравје