Модел на панталони кој е идеален за оние што се мачат со вишок кг: Го кријат стомакот и колковите, женствени се и ги обожава и Кејт Мидлтон!

Свесни сме за фактот дека не сме секогаш совршени и во најдобра форма. За среќа, постојат многу трикови кои можат да ни помогнат да ги маскираме деловите што ги сметаме за несовршени. 

А најдобар начин да го направите тоа е со облека која е дизајнирана точно да го покрие она што најмногу ви пречи. Бидејќи доаѓа летната сезона на која многумина се чувствителни поради споменатите причини, имаме одлично решение - модел на панталони што прави магија од секое тело.

Постои моден трик благодарение на кој секој вишок може да стане целосно невидлив.

Имено, панталоните се најудобното и практично парче облека, а за среќа постои модел кој визуелно може да ги намали наталожените килограми во текот на зимата.

Таканаречените палацо панталони дефинитивно одговараат на секоја фигура. Преголемиот крој на овие панталони ги крие и најтешките последици од слатките задоволства.


Покрај тоа, тие имаат акцент на половината, што ја прави силуетата покревка и женствена.



А ги носи омилената принцеза на сите, Кејт Мидлтон.



Летните палацо панталони можат да бидат со рамен крој или благо проширени, а ако добро ги изберете, не само што ќе ги сокријат вишокот килограми, туку и визуелно ќе додадат висина благодарение на нивните широки и долги ногавици.



Така ќе добиете совршена, издолжена фигура која ќе направи да се чувствувате посигурни.


ФОТО: Инстаграм/Пинтрест