Модел во кој без проблем ќе стоите цел ден: Чевлите на кралицата Летиција кои визуелно ја издолжуваат фигурата (ФОТО)
Шпанската кралица Летиција е една од најдобро облечените жени на светот, без разлика дали ќе ги одбере најелегантните парчиња и познати светски брендови или ќе се одлучи за опуштени дневни варијанти. Секоја комбинација е приказна за себе.
На почетокот на месецот, на официјалниот прием на репрезентацијата по ватерпол, кралицата и нејзиниот сопруг им го честитаа успехот на спортистите на претходниот шампионат во Будимпешта, а за таа прилика одбра специјална комбинација.
Носеше тегет панталони со широки ногавици, кои ги искомбинира со маица без ракави. Тесната маица со геометриски принт суптилно ја истакна нејзината фигура, додека чевлите го одвлекоа целото внимание и за кои сè уште се зборува.
Летиција во таа прилика носеше „Patrizia Pepe“ - чевли со висока потпетици кои ги носеше и во 2017 година. Се одлучи за кожа боја која идеално ја издолжува фигурата, а покрај тоа тие имаат и многу дебела висока потпетиција, поради која важат за еден од најудобните модели.
фото: Профимедиа