Моден стил кој ѝ одговара на секоја жена: Ако не знаете како да се облекувате – инспирирајте се од Натали Портман
Актерката Натали
Портман (41) на снимањето на својот нов филм се појави во облека која многумина
остави без здив со својата практичност и убавина.
Актерката носеше фармерки, сако и соодветна црна кошула, а на лицето носеше темни очила.
Овој едноставен, но толку гламурозен изглед може да биде моден избор на секоја жена, без разлика дали одите на работа, се подготвувате за кино или шетате низ градот.
Доколку оваа комбинација ја носите со салонки со тенка потпетица, ќе добиете гламурозен изглед, а доколку сепак се одлучите за патики, ќе имате опуштено издание пожелно за секоја ситуација.
Инаку, Натали Портман ќе игра покрај Џулијан Мур во претстојниот филм, а гледачите очекуваат спектакл со оглед на тоа дека двете оскаровки ќе играат рамо до рамо.
Како ви се допаѓа ова издание на Натали Портман?
Фото: Профимедиа
Извор: курирстил
Најобразованата дама во Холивуд: Натали Портман зборува шест јазици и завршила два факултети