Модниот магнат има 81 година и богатство од 500 милиони долари, а од 2008-та својата девојка (35) ја опсипува со луксуз и подароци од кои застанува здивот

Познатиот моден дизајнер Роберто Кавали (81) ги остави сите без зборови кога во 2008 година ја покажа својата нова девојка, 46 години помладата Сандра Нилсон. Иако многумина се сомневаа дека оваа врска ќе потрае, се чини дека згрешиле, бидејќи парот и денес е заедно, а доказ за тоа се фотографиите од папараците во кои уживаат заедно, но и за што може да се заклучи од медиумските написи за скапите подароци кои Роберто често ѝ ги подарува на неговата млада избраничка.

Изгледа дека на овој пар не му е важно колку години имаат, туку како се чувствуваат, односно како се чувствува Роберто, бидејќи со својата девојка изгледа не мирува, па постојано патуваат низ светот на луксузна јахта. Сепак, еден од последните подароци што ги купи за својата сега долгогодишна избраничка не престанува да ја шокира јавноста. 

Имено, овој моден магнат, чие богатство се проценува на 500 милиони долари, се чини дека не мирувал и дека сакал да ја изненади својата сакана со посебен подарок, во кој изгледа и успеал, бидејќи и купил многу специфичен подарок - упориште на Викинзите од 11 век во Шведска на приватен остров, кој чини 2,5 милиони фунти. Така, Сандра Нилсон, која е 45 години помлада од нејзиниот избраник, стана нова сопственичка на остров во родната земја, недалеку од Стокхолм.

Медиумите понатаму наведуваат дека на островот има вила со четири соби, ловечка куќа, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф, што го прави идеален за продолжување на нивната љубовна приказна. 

Иако се шпекулираше дека познатиот дизајнер имал проблеми со одењето поради повреда на коленото, се чини дека сега неговата здравствена слика е подобра, а Роберто нагласил дека девојката му покажала колку го сака, и дека постојано му помагала кога му требало помош и дека заедно ја надминале тешката ситуација. 

Исто така, во странските медиуми се појавија шпекулации дека оваа заљубена, богата двојка наскоро би можела да го каже „судбоносното да“, но сепак тоа се претпоставува, бидејќи ништо слично не се случило, барем не дека им е познато на медиумите и на јавноста. 

Убавицата која ја освои љубовта на богатиот познат дизајнер, а која во медиумите често ја опишуваат како спонзоруша, не е единствената голема љубов на Кавали, бидејќи тој веќе беше женет двапати, а има дури пет деца.


Фото: Профимедиа