„Моите ќерки можеа да завршат во поправен дом“: Саша Матиќ никогаш поискрен за своите наследници

Добивај вести на Viber

Ќерките на Саша Матиќ пораснаа со својата мајка

Саша Матиќ ретко зборува за приватниот живот, а сопругата и ќерките ги држи подалеку од медиумите. Ќерките на Саша Матиќ пораснаа во убави, образовани и воспитани девојки, а пејачот признава дека за ова е заслужна нивната мајка Анѓелија.

Тие, како што тврди Саша, пораснале како и сите други деца, целосно неоптоварени од неговата слава и популарност.

– Не ме копираа, тие имаа свое детство, јас мое. Тие пораснаа во голем град, со различни правила. Денес животот е многу побрз, технологијата напредна, социјалните мрежи...

– Многу ни помогнаа, но и многу одзедоа. Кој сака да знае, знае што сум имал за ручек, вечера... Тоа е едно од непишаните правила. Имав многу побавно детство и живот. Пред дваесет, триесет години ние децата живеевме побавно. Денес децата живеат така што другар ми ми се пожали дека има десетгодишно дете кое немало време да гледа филм до крај, па го однел детето на психолог. Баш така е денес.

Ќерките на Саша ги надминаа најкритичните години, а тој вели дека веќе нема никакви стравови кога е во прашање нивното созревање.

– Мислам дека завршив со тие стравови. Кога беше најлошо, обично не бев таму. Немаше никакви тешки ситуации, мојата сопруга се справи со тоа и се‘ уште добро се справува со тоа до ден-денес.


– Колку време поминував со моите деца, тие можеа да завршат и во поправен дом. Можеби ќе ми беше жал да беа поинакви, но фала богу, нема за што да жалам – заврши пејачот во емисијата „Премиера Викенд Специјал“.


Фото и Видео: Youtube