„Мојот син сам ќе одлучи дали е момче или девојка“: Емили Ратајковски прв пат го покажа лицето на синот по изјавата која крена прашина во јавноста (ФОТО)

Манекенката прв пат го покажа својот СИН по изјавата која направи ХАОС ВО ЈАВНОСТА

Емили Ратајковски (30) со месеци го криеше лицето на својот син Силвестер Аполон, но таа одлучи да им го покаже на следбениците на Инстаграм.

Таа сподели неколку фотографии на Инстаграм, а во описот на една напиша: „Ти си ангел“.

Емили изненади многумина со овој потег, бидејќи досега на Инстаграм не го покажа лицето на Силвестер, кој го роди во март. Таа секогаш го сликаше својот син одзади, или ќе го покриеше лицето со разни емотикони.


За потсетување, на 11 март, Емили на Инстаграм откри дека добила син со режисерот Себастијан Бер-МекЛирд (39).

„Силвестер Аполо Бер ни се придружи на планетата. Тој пристигна на 8 март 2021 година, во најнереалното, најубавото и нај љубезното утро во мојот живот“", напишала манекенката во описот на фотографијата на која го дои својот син.

Емили Ратајковски привлече големо внимание минатата година по интервјуто за списанието „Вог“, во кое таа откри дека не сака да врши родов притисок врз нејзиниот син, туку ќе го подржи да ја преземе половата улога што ја сака - момче, девојка или што и да е неговата желба.

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)



„Не сакам да го принудувам детето од раѓање, бебињата треба да се остават сами. Јас ќе бидам родител кој ќе му дозволи на моето дете да биде што сака. Сакам тој сам да избере што е неговото место на ова планета. Не сакам да биде под притисок. Општество што ќе му каже каков пол е, пред да прозбори“, рекла Емили.

Актерката судбоносно „ДА“ изговори во февруари 2018 година. За време на бременоста, таа беше многу активна на Инстаграм и објавуваше како и минуваат месеците во блажената состојба.