Мојот сопруг спиел со 126 жени пред мене и сметам дека тоа е одлично: Сите ми велеа дека е женкар, но јас го променив!

22-годишната Кортни Харгвинс вели дека пред да се омажи за 23-годишниот Елиот, спиела со четворица мажи, додека тој спиел со дури 126 жени.

- Мило ми е што има толку искуство, затоа што тоа значи дека никогаш не е досадно во кревет. Секогаш можеш да смириш див човек и да добиеш многу од него- тврди Кортни, која се запознала со Елиот, електричар по професија во 2017-та година, во ноќен клуб.

- Тој се втурна во редот пред мене и ме шармираше. Секој знаеше за неговата репутација, дека после забава не си оди дома сам и дека веќе однел многу жени во кревет. Не ме интересираше некој таков и му реков да се држи настрана затоа што не сакав да бидам само уште еден број. Почнавме да зборуваме и тој навистина не проба ништо. Ми понуди да ме однесе дома и се согласив да застанеме кај него на кафе, но му дадов до знаење дека тоа е само пријателски. Сепак, разговаравме поголемиот дел од ноќта и завршивме во кревет. Тој беше многу самоуверен. Утрото телефонот не престана да ми ѕвони, сите негови пријатели му се јавија за да проверат дали успеал да ме однесе во кревет и го натераа да даде резултат од 1 до 10 - се сеќава Кортни и додава дека била уверена дека тоа ќе биде само една авантура, но сепак, Елиот ја поканил да му се придружи за појадок.

- Ми се отвори и ми призна дека ретко се случува да си дојде дома сам откако наполнил 18 години. Ја ценев неговата искреност и му признав дека сум многу неискусна во споредба со него. Му реков дека сум загрижена дека ќе изгуби интерес за мене кога ќе сфати дека ги немам сите потребни вештини, но тоа воопшто не го загрижуваше. Претходно, момците ми се жалеа на моето неискуство, но Елиот не беше таков. Многу брзо станавме двојка. Всушност, јас практично дури и не го напуштив неговиот стан по таа прва вечер - вели таа. , додавајќи дека кратко потоа Елиот престанал да ги посетува ноќните клубови.

- Тој знае многу за интимните врски и секој пат во кревет со него ми е авантура. Знае како да задоволи жена, како што моите поранешни не заеле. Ме прави да се чувствувам прекрасно и не очекува да висам од лустерот и да дивеам - искрена е Кортни. Отпрвин, вели таа, не му верувала поради неговата репутација.

- Тогаш решив дека нема да судам за нашата врска според она што другите го кажуваат, туку само според тоа како тој се однесува кон мене, и тоа секогаш е со многу почит и искреност-  вели Кортни, која останала бремена половина година по почетокот на врската, а кажала „да“ еден месец пред да се роди нивниот син Ајзак. Пред 10 месеци ја добија и ќерката Алаја.

- Јас само профитирав од неговото дивеење. Добив маж кој знае што прави во кревет и кој е истовремено прекрасен сопруг и татко, бидејќи проживеал сè што сака- додава среќната сопруга.

Елиот, пак од друга страна, вели дека бил женкар, но дека Кортни променила сè.

- Додека не ја запознав Кортни, ме интересираше само забавите и жените. Кортни е нешто друго, зрела, чувствителна и способна да простува. Таа е совршена за мене и повеќе сакам да го поминам животот со неа во семејно опкружување отколку да се вратам на старите навики- признава тој за „The Sun“.