Морбилите нема да поминат толку лесно, виновни ли се родителите што не ги вакцинираат децата

Епидемијата со морбили нема да пројде туку така, предупредуваат епидемиолозите.

Три жртви од мали сипаници за неколку дена и неколкумина нови заразени. Каде лежи вината? Дали кај родителите?

Лекарите постојано апелираат на вакцинирање на децата но очигледно дека сипаниците го осипаа јавното здравство.

Епидемијата беше прогласена во почетокот на јануари, а првите случаи се појавија уште во декември лани.

Сепак, во последните неколку денови ширењето на епидемијата е забрзано, а од 2 до 9 февруари се регистрирани новозаболени 58 лица од кои 54 се само во Скопје.


Повеќе на Фактор.мк