Можеби има подобри времиња, но ова е наше: Mоќни животни мудрости за среќен живот

Мудрости за животот има колку песок во морето, но кој има време да ги прочита сите и да размисли добро за нив?

Затоа, избравме 10 мудрости кои навистина инспирираат.
Со цел навистина да запомниме нешто, да го разбереме идеално, треба да го комбинираме со нашите искуства и емоции. Инаку, дури и најмудрата реченица делува  како празна фраза.

Како што убаво рекол Алберт Ајнштајн: „Учењето е искуство. Сè друго е само информација “.

„Можеби има подобри времиња, но ова е наше.“ Жан-Пол Сартр
А тоа е најважно.

„Фантазијата е поважна од знаењето, бидејќи знаењето е ограничено.“ Алберт Ајнштајн
Плус, идеите не можат да се гуглаат!

„Во се' е подобро да се надеваме отколку да очајуваме.“ Јохан Волфганг Гете
Надежта дава сила!

„Не сте посреќни ако на другите им изгледа така, но ако самите се чувствувате така.“Сенека
Затоа, среќните луѓе не мора постојано да се замараат со тоа што другите мислат за нив.

 „Работите ја имаат само онаа вредност што им се придава.“ Молиер
А, кој драматизира, виновен е!

„Никогаш не можеме да ги решиме проблемите со истиот начин на размислување поради кој настанале.“ Алберт Ајнштајн
Затоа е добро да разменувате мислења со други!

 „Подобро е да вклучиме малку светло отколку да ја проколнуваме темнината“. Конфучије

„Не размислувајте премногу често за тоа што ви недостасува, туку за она што го имате.“ Марко Аврелиус

 „За оптимистите, животот не е проблем, туку решение.“ Марсел Пањол

извор:stil.kurir.rs