Може да ги имате: Обетките на Кејт Мидлтон за кои сите зборуваат

По зелениот фустан на Кејт, сега сите зборуваат за нејзините обетки што може да ги има секоја жена

И покрај нејзиниот кралски статус, Мидлтон се покажа како економична и смирена Војводка.

Сопругата на принцот Вилијам е призната модна икона ширум светот, во голема мера ова се должи на нејзината природност, како во манирите така и во облеката.
На бројни работни патувања со Војводата од Кембриџ, Кејт ги изненадува своите обожаватели со нови стилови, создавајќи неверојатен впечаток, бидејќи има можност да примени најобични работи од масовниот пазар во високото општество.

Неодамна сите зборуваа за зелениот фустан на Кејт, кој се покажа дека е супер евтин па така и обетките кои ги избрала овојпат може да ги има секоја жена.

На неодамнешната посета на Бредфорд, таа носеше блуза од Зара која ја чинеше само околу 13 фунти. Но, Мидлтон не троши многу на накит. Војвотката успеа да го докаже тоа за време на тридневната турнеја низ Ирска.

За официјалниот прием, организиран од вицепремиерот на Ирска, Кејт избра вистински пролетен изглед, кој го надополни со обетки од Accessorize во вредност од 5 фунти, околу 350 денари.

Ова досега не е најевтиниот накит во кој Мидлтон се појавува во јавноста.