„Можевме да организираме свадба или погреб“: На денот на венчавката го замолив зет ми да не ја тепа ќерка ми, а ова е неговиот одговор

Фахма пролеа море од солзи откако нејзиниот сопруг ги продаде нивните две ќерки на маж за да му помогне на нивното семејство да ја преживее ужасната суша што го зафати западен Авганистан. Шестгодишната Фариште и 18-месечната Шокрија, несвесни за својата судбина, седат во нејзиниот скут во бегалски дом.

-Мојот сопруг ми рече дека можеме или да им организираме свадба или погреб бидејќи немаме што да јадеме - вели Фахма и додава дека се чувствува ужасно што ги продава ќерките.

- За постарата добивме 3.350 долари, а за бебето 2.800 долари. Ќе добиваме пари на рати во следните неколку години. Последната рата ќе оди кога девојчињата ќе се вселат во своите нови домови, кај идните сопрузи кои исто така се малолетни - вели таа.

Детските бракови не се ништо ново во Авганистан, но поради сиромаштијата, војната и сушата, девојчињата се мажат на рана возраст, што оди рака под рака со родителите на момчињата кои можат да добијат помлади девојчиња за пониски цени, дури и на рати.

Градот Кала-е-Нав е место на посебна тага и срам, бидејќи е меѓу најпогодените од сиромаштијата, па најмногу девојки се продаваат таму од 2018 година.

Сосетката на Фахима, Сабехра (25) толку се задолжила во бакалницата што и се заканувала затвор. Единственото решение било да ја продаде својата тригодишна ќерка Закара на четиригодишен син на бакал.

- Не сум среќна што го направив тоа, но немаме од што да живееме. Ако продолжи мизеријата, ќе мора да ја продадеме и нашата тримесечна ќерка - вели таа.

Друга жена, Ѓул Биби, сведочеше дека морала да ја продаде својата ќерка Ашо, која има осум или девет години, на 23-годишен маж на кој Ѓул Биби му должи пари. Моментално е во Иран и Ѓул Биби во страв го чека враќањето во Авганистан, бидејќи тогаш ќе ја преземе својата невеста.

Низ солзи, отец Мухамед Асан покажува фотографии од своите ќерки Сијана (9) и Еди Ѓул (6), кои веќе живеат со своите сопрузи.

- Никогаш не сме ги виделе од бракот. Не сакавме да го правиме тоа, но немавме начин да ги нахраниме другите деца. На крајот на краиштата, таму секако се подобри девојките, имаат покрив над главата и што да јадат - вели тој.

Сопругата на Мухамед е тешко болна, а лекувањето е скапо, па двајцата бараат младоженец за единствената преостаната ќерка која има четири години.

Рабија (43) е вдовица која ја има ќерката Хабиба (12) која во следниот месец ќе мора да се пресели кај сопругот на кого му беше продадена. Рабија го молела зетот да го остави девојчето да биде со мајка и најмалку уште една година, но залудно. Хабиба е продадена за 550 долари со кои Рабија ќе се обиде да ги нахрани другите деца. Нејзиниот 11-годишен син работи како пекар и заработува по 50 центи дневно, додека друг 9-годишен син собира ѓубре за 30 центи дневно.

- Срцето ми е скршено, но морам да ги спасам синовите - вели Рабија.

Тука е и судбината на Парвана Малик (9) која деновите ги поминува играјќи си со другарките на улица. Штом влезе дома се стемнува бидејќи се сеќава на својата судбина - продадена е на маж (55) со густи веѓи и бушава брада. Се плаши од денот кога ќе помине покрај него и не знае како тогаш ќе и изгледа животот. Нејзините родители, велат, немале избор. Тие со години живеат во бегалски камп за хуманитарна помош и ниско платена работа. Од доаѓањето на талибанците, ситуацијата стана уште потешка. 12-годишната сестра на Парвана веќе беше продадена пред неколку месеци.

Таткото на Парвана, Абдул Малик, вели дека не може да спие ноќе поради вина, срам и грижа. Се обидел, вели, да го избегне ова сценарио и отпатувал во Кала-е-Нав во потрага по работа, позајмил многу пари од роднините, но на крајот морале да заминат во камп.

- Осуммина сме. Морам да ја продадам за да ги одржам другите во живот - вели тој и додава дека парите од продажбата на Парвана ќе траат само неколку месеци, а потоа ќе треба да најдат друго решение.

Парвана вели дека се надевала дека нејзините родители ќе се предомислат - сонувала да го продолжи своето образование и да стане учителка, но сите нејзини барања останале залудни. Ја купил Курбан за 200.000 авгани, што е околу 2.200 долари. Не платил се во пари, туку во овци и имот со малку кеш. Тој веќе има жена и вели дека жената ќе се грижи за Парвана како да е нивно дете.

- Парвана беше евтина затоа што татко и е многу сиромашен и му требаат пари, а мене ми треба некој да работи дома. Нема да ја тепам, ќе ја третирам како член на семејството, ќе бидам добар со неа - ветува тој.

На денот на предавањето, Парвана била облечена во црно. Таа се тресела и плачела додека татко и ја предавал на Курбан. "Ова е твоја невеста. те молам чувај ја, ти си сега одговорна за неа. Не ја тепај", рекол таткото и Курбан се согласил, а потоа ја фатил Парвана за рака и ја извел пред куќата. Ја вовлекол во автомобилот и ја однел во нов дом. Се разбира, Абдул не верува во неговите ветувања.

- Ми рече: Ја платив девојката и веќе не е твоја работа што правам со неа.

Магула има 10 години и прашање на денови е кога ќе му биде предадена на 70-годишниот сопруг на кого му беше продадена за семејството да ги подмири долговите. Нејзините родители позајмиле 2.200 долари од сосед, но немаат ниту работа ниту заштеда, поради што мораат да ја продадат својата ќерка. Купувачот го одвлекол таткото на Магула, Ибрахим во талибанскиот затвор и се заканил дека ќе остане таму доколку не го плати долгот. Ибрахим ветил дека ќе собере пари за еден месец, но не успеал.

- Немам избор. Немам пари, па и да одбијам да му дадам ќерка, тој ќе ја земе - вели Ибрахим.

„Не го сакам тоа, ако ме натераат да заминам, ќе се убијам“, вели низ солзи несреќната Магула.


Извор: Zena. Blic

Фото: profimedia