Животна училница // Приказни
Му прости семејно насилство: Елена Велевска не се разведува
- 13 Октомври, 2018
-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – открива за ,,Фокус” ,Елена Велевска, една од најангажираните фолк пејачки кај нас.
Пејачката неодамна откри дека нејзиниот брак бил далеку од идиличен и потврди дека покренала бракоразводна парница бидејќи со текот на годините семејното насилство станувало неподносливо. Сакајќи да ги заштити нејзините три деца таа кажа дека става крај на бракот. Сепак сега ја промени својата одлука.