Мудри мисли што ќе ве натерат да се замислите: Цитати од арапскиот нобеловец Махфуз

фото:Profimedia

Нагиб Махфуз (1911-2006) бил египетски писател кој објавил повеќе од 40 раскази и 30 сценарија, од кои и ремек-делото „Трилогијата во Каиро“. Во 1959 година, тој го објави романот „Деца на Гебелавија“, дело што беше забрането во Египет заради богохулие.

Токму оваа книга се смета за причина за атентатот на Махфуз во 1994 година, по што Махфуз беше под постојана стража.

Тој ја доби Нобеловата награда за литература во 1988 година. А еве ги неговите најпознати цитати:

На моја возраст, нема смисла да се биде песимист.

Домот не е местото каде што сте родени. Домот е местото каде престануваат сите ваши обиди за бегство.

Највознемирувачко страдање е да имате сентиментално срце и скептичен ум.

Стравот не ја спречува смртта. Го спречува животот.

Потсетете ме еднаш годишно, зашто е погрешно да ги напуштате луѓето засекогаш.

Може да заклучите дали некое лице е паметно од одговорите што ви ги дава. Дали е некој човек мудар, ќе заклучите од прашањата што ги поставува.

Случувањата дома, на работа, на улица - се основи на добра приказна.

Ако животот нема никакво значење, зошто не создадеме значење за него?

Се најдов во море во кое брановите на радост и тага се судрија едни против други.

извор:stil.kurir