На 12 години почна да се дрогира, на 14 беше на хероин и стана проститутка: Како денес живее оваа жена која стана позната по зависноста

Приказната за најпознатата зависничка од хероин во светот, Кристијана Фелшеринов, ќе биде раскажана повторно по четириесет години.

Новата серија на „Amazon Prime“, што ќе биде достапна на HBO GO од 27 февруари, ја следи приказната за девојчето Кристијана и нејзините пријатели во Берлин во седумдесеттите години во осум продолженија.

Се работи за вистинска приказна на жена која во целиот свет е позната како Кристијана Ф и која почнала да зема лесни дроги на само 12 години, а завршила на хероин и проституција на 14 години.

Приказната на Кристијана најпрво беше објавена во хит-книгата „Ние децата од зоолошката станица“, а потоа и во култниот филм Кристијана Ф. од 1981 година, во кој се појави и славниот Дејвид Боуви. Нејзината приказна фасцинира многу генерации повеќе од четири децении.

По големиот успех на книгата и филмот, Кристијана стана позната личност во нејзината родна Германија, но тоа не и донесе многу среќа. Му се враќаше на хероинот уште неколку пати.

Откако долго време го избегнуваше внимание од јавноста, во 2013 година, Кристијана објави нова книга наречена „Мојот втор живот“, во која откри што се случувало со неа по објавувањето на нејзината прва книга.

Иако првично тврдеше дека книгата нема порака и сака само да се знае вистинската вистина за тоа, таа во едно интервју изјави дека се надева оти оваа книга ќе ги наведе луѓето да се држат настрана од дрогата.

„Се надевам дека ќе ги исплаши повеќе од првата книга. Сигурна сум дека ќе се случи тоа. Опишано е колку болка имав во животот", рекла таа.

Кон крајот на осумдесеттите години, Кристијана добила хепатитис Ц преку заразена игла, а исто така се борела и против цироза на црниот дроб.

„Знам дека наскоро ќе умрам. Но, не пропуштив ништо во мојот живот. Се помирив со тоа. Ова не е живот што би го препорачала, не е најдобар начин за живот, но ова е мојот живот“, кажа таа во 2013 година.

Наскоро по втората книга, Кристијана повторно се повлече од јавноста и многу малку се знае за нејзиниот живот денес.

„Ова е збогум. Јас сум болна жена во педесеттите години и не сакам да бидам осудувана од непознати лица на Интернет“, напиша таа во 2014 година на нејзината официјална веб-страница, и оттогаш престана да се појавува во јавноста.

Таа во моментов живее во Берлин и има 58 години, а не даде коментар за издавањето на нова серија за нејзиниот живот.

Кристијана во новата серија ја игра 22-годишната австралиска актерка Јана Мекинон, а во центарот на серијата ќе се појават уште пет други ликови познати од нејзината книга: Стела, Бабси, Аксел, Мики и Бено.

Големата љубов на Кристијана Детлеф во серијата се вика Бено, а се сменија и имињата на нејзините пријатели Андреас (Ацеа) и Луфа, кои станаа Аксел и Мики во серијата.


Извор: стил.курир.рс

Фото: profimedia