На 14 години ѝ ја ампутираа ногата, па ѝ предвидоа само 3 месеци живот: Модна блогерка со завршен факултет и инспиративна приказна

Мама „Cax“ е лајфстајл и модна блогерка зад која се крие инспиративна приказна. На оваа девојка ѝ е дијагностициран рак кога имаше 14 години и тогаш лекарите ѝ предвидоа само три месеци живот.

Таа преживеа, но поради болеста ѝ ја ампутираа десната нога. Тоа не ѝ претставува никаква пречка во животот. Остана позитивна и благодарна што преживеа.

- Гледам колку сум среќна, многу луѓе не можат да си дозволат лечење- раскажа Мама за порталот „Bored Panda“.

Блогерката истакна дека дискриминацијата е голем проблем.

- Во цели сфери од деловниот свет има луѓе кои се исклучени, било на политички било на општествен начин. Чувствувам дека сум во ситуација кога можам нешто да променам и дека еден ден ќе ги штитам личностите со инвалидитет- додаде таа.

На нејзиниот блог и профил на Инстаграм ја пратат над 201.000 луѓе, а објавите неретко служат како инспирација за многу личности со било какви потешкотии. Поддршката која ѝ ја даваат луѓето, ѝ дава сила за да не се откаже и да продолжи напред.

Освен што е модел, Мама има завршено и факултет, а својот смисол за мода го истакнува преку комбинациите на кои во преден план е нејзината ампутирана нога, односно протезата на ногата на која го менува дезенот во зависност од аутфитот.


Фото: Инстаграм профил @mamacax