На 50 започна свој бизнис, на 90 скокна со падобран: Филис ја открива тајната за здравје и долг живот

Американката Филис Сјуз стана инспирација за жените ширум светот со нејзиниот животен стил. Имено, Филис има 95 години и ја пишува својата прва книга „20 совети за промена на вашиот живот". 

Таа истакна дека никогаш во животот не брзала, па на 50 години започна својот бизнис, на 85 години имаше прв час по јога, за прв пат скокна со падобран кога имаше 90 години. Неверојатно, зарем не?

Оваа импресивна жена вели дека сака да биде инспирација за сите луѓе, без оглед на годините со кои се соочуваат. Таа признава дека има здравствени проблеми, но и дека не престанува да прави работи што ги сака во нејзиниот живот. Главната цел е да се чувствува добро и да биде во добра форма, без разлика дали има болка во рамената и нозете. Таа е свесна дека телото слабее со текот на времето, но тврди дека треба да се бориме како луди и дека тоа е битка која нема крај.

Филис делумно може да се заблагодари на нејзините гени за нејзиниот долг живот. Нејзината сестра неодамна го прослави својот 100-ти роденден, а нејзината мајка почина на 94 години. Таа верува дека клучот за долговечност и трајно здравје е да останете активни, отворено и без страв секој ден да учите нешто ново.

Филис е поранешна танчерка, почнала да игра балет кога имала 14 години. Таа признава дека уште тогаш знаела дека ќе танцува цел живот. Никогаш немала повеќе од 45 килограми, и признава дека може да јаде што сака. Што се однесува до нејзината исхрана, таа вели дека јаде сè, но тајната е во количината, односно порциите.

Оваа 95-годишна жена секое утро вежба јога еден час, а исто така танцува и танго. 

- Тоа е мојата филозофија. Живеењето „седечки“ начин на живот е страшно, затоа стани. Танц, прошетка, што било, само движи се. После тоа, ќе треба да знаеш како да се справиш со предизвиците, бидејќи ги има доста. Прифати ги, одговори на нив и научи нешто од секој ден, нов јазик или музички инструмент ... јас сум многу мотивирана и не се откажувам, без оглед колку е тешко, знам дека ќе успеам- вели Филис.