На 54 години Наоми Кембел ја тресе модната писта во микро боди: Во црна кожа ги хипнотизираше сите со долгите нозе

Прославената манекенка Наоми Кембел (54) се прошета на модната писта во Милано и едноставно сите ги остави без здив.
Наоми Кембел е еден од супермоделите од деведесеттите и една од најпознатите модели на нејзината генерација. Таа се‘ уште е активна, а сега се појави на модната недела во Милано за брендот „Dsquared2“.
Таа носеше тесно црно боди отворено на колковите, кое ги истакна нејзините долги и извајани нозе. Над неа носеше црна кожна јакна со атрактивни реси на страните.
Наоми со бодито носеше кожени чизми високи до бутовите. Таа самоуверено чекореше по пистата во атрактивна модна комбинација, оставајќи и да ѝ падне долгата темна кадрава коса.
На оваа модна ревија таа уште еднаш ја покажа својата неверојатна фигура, долги нозе и смело одење кои ѝ донесоа голем успех во нејзината долга и успешна манекенска кариера.
Фото и Видео: Инстаграм