На 76 години се вери легендарната Шер: Објави фотка од дијамантскиот прстен (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Легендарната пејачка Шер ги подгреа гласините за веридба со 40 години помладиот Александар Едвардс, објавувајќи фотографија од прстенот.

"Немам зборови. Александар, А.Е", напиша таа на својот Твитер профил,објавувајќи фотка од дијамантски прстен, предизвикувајќи бројни реакции кај обожавателите.

"О боже. Дали те запроси?", прашуваат обожавателите.

За потсетување, шпекулациите за нивната врска почнаа да се шират на почетокот на ноември, кога беа фотографирани пред еден ресторан во Холивуд. Пејачката набрзо потврди дека шпекулациите се точни и на своите следбеници им порача дека Александар ја третира како кралица.

"Александар е феноменален, многу љубезен, многу талентиран и има смисла за хумор. Исто така мислам дека е многу убав", изјави таа претходно.

фото:PROFIMEDIA

Она што многумина ги заинтригира е фактот дека Александар Едвардс е дури 40 години помлад од неа. На јавноста ѝ стана познат по излегувањето со најпопуларните ријалити ѕвезди, а има вонбрачни деца со Амбер Роуз (која се забавуваше со Канје Вест), но и со Блек Чајна (се забавуваше со Роб Кардашијан).
Амбер Роуз го обвини Александар дека ја изневерува со 12 различни жени, а потоа во живо на Инстаграм ги призна сите свои неверства.

Шер „уловена“ со новото момче: 40 години е помлад од неа, има деца со Амбер Роуз и многу скандалозни врски (ФОТО)

извор:b92