На Балканот стигнува снежна бура: Во Србија ќе биде и до минус 18

Стигнува на Балканот снежната бура од Шпанија. Српските медиуми наголемо пишуваат за студениот бран кој ќе ја зафати државата овој викенд. 

Во Хрватска, бурата Филомена, која го донесе првиот снег во Мадрид по 10 години, а температурите паднаа на -36 степени, веќе е силна, па предупредувањето на Хидрометеоролошкиот завод на таа земја за ледените денови во периодот од 16 до 19 јануари предизвика загриженост кај српските граѓани. 

 „Нам не ни доаѓа бурата од Шпанија, бидејќи ние сме поврзани со циклон кој моментално се наоѓа во Источна Европа и вовлекува многу студен воздух“, изјави Александра Травица, метеоролог од РХМЗ, за порталот Нова.рс. 

„За нас тоа значи дека за викендот не чекаат ледени денови низ цела Србија. Во некои делови, веќе во петок “, најавува и потсетува дека такви температури се многу нормални за овој зимски период. 

Ледените денови значат дека температурите нема да надминат 0 степени, но главното прашање е како точно ќе оди минусот. 

 Повеќе детали за студенито бран кој ќе го зафати Балканот, прочитајте на Фактор.мк