На доделувањето на Оскарите Лејди Гага му помогна на маж во неволја: Изненади и со неочекуван изглед на сцената! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Лејди Гага на овогодинешното доделување на Оскарите ја воодушеви јавноста со својот изглед, но и со своето однесување

Пејачката Лејди Гага стана омилена ѕвезда на овогодинешното доделување на Оскарите.

Имено, додека таа се шеташе по тепихот кој годинава не беше црвен туку во боја на шампањ, еден од насобраните фотографи се сопна и почна да паѓа нанапред, а Гага веднаш притрча на помош.


Моментот го снимија камерите, а видеото ги преплави социјалните мрежи каде сите го пофалија несебичниот потег на познатата пејачка.

Потоа дојде уште едно изненадување од неа.

Откако во последен момент беше потврдено дека Гага ќе настапи на доделувањето, пејачката ја избриша целата шминка и се пресоблече во едноставна црна маица и панталони пред да излезе на сцената, а за своето природно издание доби бројни пофалби.


Гага ја изведе својата песна „Hold my hand“, за која беше номинирана за Оскар во категоријата за најдобар звук, во која победи песната „Naatu Naatu“ на Рахул Сиплигуњ и Каал Бајрав од филмот „RRR“.

Извор: showbuzz.dnevnik.hr