На глава го носеше „Љубовниот јазол“: Кејт Мидлтон на првиот банкет како принцеза, со омилената тијара на Лејди Дијана
фото:pinterest / Chris Jackson-Getty/POOL supplied by Splash News / SplashNews.com / Splash / Profimedia
Кејт Мидлтон синоќа блесна на првиот банкет откако е принцеза од Велс, во Бакингемската палата под круната на кралот Чарлс. И секако се' се вртеше околу неа.
Таа се појави како вистинска кралица на банкет организиран од кралот Чарлс. Облечена во бел фустан на Дејзи Пекам, Кејт во оваа прилика ја носеше и тијарата на покојната принцеза Дијана.
извор:stil.kurir
фото:pinterest
Оваа популарна тијара, Британците ја нарекуваат Љубовниот јазол (lover's knot), а направена е во 1914 година на барање на кралицата Мери, од дијамант и 19 висечки привезоци од бисер со сребрени и златни детали. Тијарата на крајот отиде кај кралицата Елизабета Втора, која ѝ ја подари на принцезата Дијана. По смртта на принцезата Дијана, кралицата ѝ ја предаде дијадемата на Кејт во 2011 година, откако се омажи за принцот Вилијам.
фото:Chris Jackson-Getty/POOL supplied by Splash News / SplashNews.com / Splash / Profimedia
Кејт носеше мокасини од сребрени кристали со овој неверојатен бел фустан, додека носеше и бела клач чанта.
Како ви се допаѓа изгледот на Кејт Мидлтон?
A еве како изгледаа кралот Чарлс и Камилафото:Chris Jackson-Getty/POOL supplied by Splash News / SplashNews.com / Splash / Profimedia
извор:stil.kurir