(ФОТО) На кого личи Елена Ристеска?
„Светот на Делфина“ пишува под сликата која на инстаграм ја сподели академската сликарка Драгица Ристеска- Димитровска, сестра на поп-ѕвездата Елена Ристеска. Делфина е најголемата љубов на Елена, внуката од сестра ѝ.
На сликата со сестрите Ристески е и нивната мајка Деса, за која Елена често вели дека е најгорда на нивните успеси. Очигледно е дека Елена и Дргаица личат на мајка им.
„ Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, ни изјави Елена во мај, на изложбата „Фрагменти“ на нејзината сестра.