На кого личи пејачката? Ова се мајката и сестрата на Елена Ристеска

Драгица Ристеска - Димитровска е академска сликарка и сестра на поп-ѕвездата Елена Ристеска. Таа неодамна на социјалните мрежи објави фотографија со славната сестра и со нивната мајка Деса, за која Елена често вели дека е најгорда на нивните успеси. Очигледно е дека Елена и Драгица личат на мајка им. 

 „Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, ни изјави Елена лани во мај, на изложбата „Фрагменти“ на нејзината сестра.

Делфина пак е внуката на пејачката, со која како што откри таа, животот ѝ се променил.