На мајка ми и сестра ми морав да им кажам дека тато е убиен: Огнен Амиџиќ 30 години го бара одговорот на едно прашање

На денешен ден се навршуваат три децении од погубувањето на таткото на познатиот водител, а како што тој еднаш раскажа, се сомнева дека некогаш ќе ја дознае вистината...

Зоран Амиџиќ, таткото на водителот Огнен Амиџиќ, кој работеше како новинар и дописник за РТС од Шабац, загина на денешен ден во 1991 година во Хрватска, додека беше на новинарска задача. Со него настрадаа и неговите колеги - Бора Петровиќ, Дејан Миличевиќ и Сретан Илиќ. Беа ликвидирани во заседа на патот Петриња - Глина.

Водителот ниту по 30 години не дојде до сознанието кои се нарачателите и кој ги убил неговиот татко и неговите колеги. Пред две години одлучи да проговори за тоа.

„Ми се јавуваа многу луѓе, има разни приказни. Многу работи се случиле таму, многу злосторства се направени, а се заборава дека тоа се повторува на 50 години за повторно да страдаме од истите и потоа сè е супер и сите се сакаме. Како мал се чудев кога учев за тие логори и не можев да сфатам како некој можел да направи логори, тоа се граничи со лудило“ - раскажа водителот и додаде:

 „Тој го покриваше тој ден, но работеше повеќе работи, целиот тој крај не знаеше каде се децата, каде се мажите, па тој, покрај работата која ја вршеше, пренесуваше писма, пораки, ги снимаше да се видат дека се живи и здрави, па тоа го пушташе во прилозите за да знаат дека се добро. Враќајќи се од таа задача, тие беа убиени. Исчезна нивната документација. Конкретно, мојот татко имаше чанта со белешка објавена во хрватските весници“ - раскажа Огнен.

Најтешкиот момент во неговиот живот бил кога полицајците му соопштиле дека татко му е убиен, а тој морал тоа да им го каже на мајка му и сестра му.

„Околу еден часот по полноќ, полицајците тропнаа на нашата врата. Беа збунети, добиле задача од надредените да ни ги кажат лошите вести, но не знаеја како да го направат тоа. Кога слушнав што се случило, а тогаш имав само 16 години, морав да им кажам на мајка ми и сестра ми дека татко ми е убиен. Сега, по времето кое го поминавме во не знаење не мислам дека некогаш ќе дознаеме кој го убил мојот татко и неговите колеги, ниту поради што“ - заврши Амиџиќ.