На само 4 километри од Скопје, а не влегуваат во целосниот карантин

Тринаесет населени места кои се во склоп на општина Сопиште не се дел од градот Скопје и за нив нема да важи целосниот полициски час. Сопиште е оддалечено само четири километри од градот односно се граничи со Скопје, но според владината одлука за таа општина не важат одлуката за полициски час од 80 часа односно од денеска од 21 часот до понеделник до 5 часот.

Во Сопиште има и 13 населени места каде и граѓани кои живеат во Скопје имаат свои викендици. Во оваа група се следните места - Ракотинци, Добри Дол, Варвара, Горно Соње, Долно Соње, Чифлик, Света Петка, Говрлево, Нова Брезница, Јаболци, Држилово, Патишка река. Последната населба односно Патишка река е оддалечена од градот околу 30 километри.

За сите нив се забранува движење на населението и возила од 21:00 часот на 4 јуни 2020 година (четврток) до 5:00 часот на 5 јуни 2020 година (петок)

За деновите 5,6 и 7 јуни 2020 години (петок, сабота и недела) од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден

Се забранува посета на гробишта освен во случај на погреб, во временски период од 21:00 часот на 04 јуни 2020 (четврток) до 5:00 часот на 08 јуни 2020 година (понеделник).

А.Т.