,

На Скопскиот маратон ќе трчаме заедно со Стопанска банка а.д. Битола

Добивај вести на Viber

Скопје, следниот месец, ќе биде домаќин на светски познатиот Скопски Маратон. На овој најмасовен настан во Македонија ќе трачаат илјадници љубители на овој спорт и на здравиот живот. Во своето десетгодишно постоење Скопскиот Маратон привлече учесници од над 50 држави и поради големата популарност, понуди можност и за оние кои сакаат да се обидат со рекреативното трчање на пет километри или на полумаратонската трка. За најмладите се организира и детскиот мини маратон, односно трка на 500 метри. 

Со тоа Скопскиот Маратон ги надмина границите на спортот и прерасна во своевидно културно случување, што поддржува здрави навики и овозможува дружење на различни профили на љубители на трчањето. Притоа, го позиционираше Скопје на меѓународната мапа на градови кои организираат маратони.

Генерален спонзор и официјален партнер на Скопскиот маратонот, третата година по ред, е Стопанска банка а.д. Битола. Ова е единствената наша банка која го поддржува овој настан.

„Горди сме што и годинава сме дел од случување што е симбол на урбаното пулсирање на Скопје. Маратонот помага да ја откриете упорноста и решителноста за кои можеби и не сте биле свесни дека ги поседувате и да го достигнете врвот на сопствената физичка подготвеност. Тоа не е само обична трка, затоа што подготовката за маратон е начин на живот и со вистинска поддршка, целосно може да Ве поведе кон здравата страна од животот. Затоа и Стопанска Банка а.д. Битола е партнер на сите учесници на Маратонот. Ние сме присутни на стартот, за време на трката на која учествуваат и наши вработени и се разбира, на целта каде ги пречекуваме учесниците со подароци. Годинава за сите учесници подготвивме и Mastercard кредитна картичка со специјални услови, која на 1 април годинава ја добија и учесниците на Женската трка, една од промотивните трки во пресрет на Маратонот“, вели Наташа Савова, директор за маркетинг во Стопанска банка а.д. Битола.

Стопанска банка а.д. Битола ја поддржа и шестата Женска трка што се одржа на 1 април годинава, каде учествуваа повеќе од 1500 тркачи. Станува збор за современа банка која континуирано ги следи трендовите во банкарството и е подготвена да одговори на потребите на потрошувачите на еден високо конкурентен пазар, како што е македонскиот. Еден таков одговор на потребите на модерните потрошувачи е и Mastercard кредитната картичка со специјални услови. Односно,  за учесниците на трките банката подготви картичка со најниска каматна стапка од 5,99% во првата година (и 9,99% по првата година), без членарина за првата година и бесплатни СМС известувања во првата година, како и бесплатна Mastercard дебитна картичка.

Поддршката на здравите навики преку Скопскиот Маратон, Стопанска банка а.д. Битола, годинава ја збогати и со соработка со BeHealthy.

Споделувајќи го своето лого во оваа соработка, Стопанска банка а.д. Битола силно изразува поддршка и за здравиот начин на исхрана наспроти навиките кои ги диктираат брзиот и урбан животен стил. BeHealthy е компанија која особено се разликува од останатите напазарот бидејќи нивните рачно изработени производи се подготвени од 100 отсто природни и сирови состојки и не содржат вештачки додатоци, стабилизатори, термички прегорувања, вештачки вкусови, шеќери, сирупи, бои и други индустриски конзерванси и хемиски примеси. Токму затоа и се продаваат под слоганот „Прегрни ја природата и почувствувај ја слободата“.

„Грижата за себе носи здравје – здравјето носи среќа- среќата е едноставно успех“, порачуваат заеднички од Стопанска банка а.д. Битола и BeHealthy.

Како на претходните маратони и годинава дел од вработените на банката ќе се вклучат во трките на Скопскиот маратон, давајќи поддршка на настанот, но на некој начин и ги надградуваат можностите за делување на една општествено одговорна компанија каква што е Стопанска банка а.д. Битола. Од Банката најавуваат и многу забавни содржини наменети за учесниците на трките и за нивните навивачи и поддржувачи, кои на 6 мај годинава ќе се приклучат на најголемиот урбан настан во Скопје. 

Стопанска банка а.д. Битола верува во Вас. Се гледаме на целта!