На турнеја со деца и со дадилки: Необични барања на „Спајс грлс“

Пред нив е голема повратничка турнеја, а некогашните партнерки од групата „Спајс грлс“, денес имаат сосема нови навики. Британските пејачки веќе не јадат брза храна ниту пијат алкохол.

Откако Викторија Бекам ги одби, ќе бидат четворка место петорка 

Организаторите на концертите ќе мораат да им обезбедат префинети менија, многу овошје и зеленчук, проетински напитоци, а дел од нивните барања се и ароматични свеќи. На турнеја, „Спајс грлс“ ќе ги носат и своите деца, па дел од барањата се и игротеки за најмладите и дадилки кои ќе се грижат за нив.

„Тие се мајки и сосема го сменија својот начин на живот. Сето она што сте го знаеле за женскиот состав „Спајс грлс“ веќе не важи. Девојките се сосема фокусирани на своите семејства и имаатеден нов животен стил“, изјавија организаторите. 

На турнејата ќе настапуваат Мел Би (43), Мел Си (45), Гери Халивел (46) и Ема Бантон. Викторија Бекам, (44) ја одби понудата повторно да ја дели сцената со некогашните колешки.