На заедничката вечера на Путин и Меркел се служеа моите специјалитети: Шеф Филип Митевски, живее и работи во Германија, во синџирот хотели „Мартим“

Неговиот начин на изразување на чинија е составен од 5 до 7 елементи. Добро ги познава боите и ги комбинира во пријатни тонови,кои предизвикуваат возбуда и среќа на крајот од дестинацијата - пред дегустаторите. Сака симетрија ,архитектура и структура која го зема важното место во неговата работа, како и уметнички начин на изразување. Кумановецот, Шеф Филип Митевски, живее во Дармштадт, а работи во Гриесхајм, Германија, во синџирот хотели „Мартим“ и создава неверојатни кулинарски специјалитети.


-Немам омилено јадење или слатка. Оваа професија ја работам со многу љубов, посветеност и професионалност. А ако работите на тој начин резултатите секогаш се позитивни. Имам своја изрека која честопати ја користам „Најдете си работа што ја сакате и никогаш не мора да работите“ - вели Митевски и доплнува дека заминал во Германија за да види како ќе функционира во друга, поразлична средина од нашата.


-И успеав. Работам во голем хотел каде што секојдневно доаѓаат луѓе од сите сфери. Меѓу нив има и популарни личности. Би нагласил дека во Германија културата е малку поразлична и не се прави некаква драма околу нивното присуство во хотелот. Моите специјалитети ги пробаа пејачката Хелене Фишер, како и актерката Џесика Шварц на една приватна забава во Нирнберг. Би го издвоил и големиот настан кој го организираше хотелот каде што работам пред корона пандемијата.


 Ги пречекавме рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, во Кунигсвинтер Замок Драхенбург. Работевме цел тим на готвачи, а на вечерата се служеа и моите специјалитети – открива тој.


Љубовта кон кулинарството започнала уште од рана возраст. Неговите родители отвориле ресторан за рибни специјалитети. Иако бил дете, уште тогаш знаел која ќе биде неговата професија. Завршил средно угостителско училиште во Скопје. Потоа, студирал на Медицинскиот факултет во Софија, отсек Санитарен инспектор. Магистрирал на Економскиот факултет во Софија – Менаџер во здравството. Едукацијата му помагнала да се запознае со контролата на храната, нејзиното одржување, складирање, обработка, а потоа и организација.


Според фотографиите кои ги постира на социјалните мрежи на неговите кулинарски специјалитети, се забележува дека постојано екпериментира.


- Што се однесува до експериментирањето мора да биде присутно во кујната затоа што ако сакате да се движите во нагорна линија треба да вложите многу труд и време во кујна. Само на тој начин ќе имате позитивни резултати. Секако мора да ги имате и продуктите кои ви се потребни. Во Германија го немаме тој проблем затоа што пазарот е голем и има буквално се што ви е потребно. Проблемот е таму каде што ги нема. Од разговорот со некои колеги, дознав дека имаат потешкотии во тој поглед и мора да импровизираат, но секогаш доаѓаат до резултати – посочува Филип.

Неговата најголема желба поврзана со професијата наскоро ќе биде и реализирана.


-Фотографија на храна , нешто кое го поврзувам со моето сегашно работење и дизајн на храна. Тие две работи сакам да ги спојам во една. Реализирањето на истиот проект чека подолго време, затоа што во моментот се надградувам во правецот на маркетинг презентација. Секако го составувам дел по дел моето Фото студио, а тоа не оди толку бргу – открива Митевски.

Соња Алексоска Неделковска

Шеф Филип Митевски со нас сподели и два рецепти:

Чоколадна канелона 

со гел од малини ,капини и микробискбит Едноставно и лесно 

~ за канелоната се потребни

65г вода 

1 лист желатин 

60г чоколадо 

~за гелот од малини се потребни

10г шекер

0,8г агар-агар

75г пире од малини 

~ за микробисквитот 

3 белки

65гшекер во прав 

15г какао 

10г брашно

35г путер

РЕЦЕПТ БРОЈ 2 - Новогодишен десерт


За декорација

-новогодишно гранче ( 50г путер несолен 50г шекер во прав 1 жолчка 50г брашно и боја во мојот случај црвена од малина на брендот Sosa се пече на температура 180 степени 4 мин)

- за кората ( 5 белки со 150г шекер 5 жолтки 150г шекер 150г брашно 150г семки од тиква рецептот се менува по желба се пече на 180 степени 20 минути)

- за мусот од малини ( 300г пире од малини 200г маскарпоне 200г хопла 2 желатина лента)

мусот е полнет со малини во форма на топка потребни се(45г шекер225 г свежи малини 100 мл вода 2 ленти желатин 100 г цели малини  се става во форми и се замрзнува прво 6 сати за да може да се додаде во мусот )

- за глазура( направив за две колачиња) 

75гшекер 50г кондензирано млеко 80г бело чоколадо 30% 60г вода 2 ленти желатин  ) белата има додадено титаниумдиоксид за снег бела боја а другата е од малини погореспомнатата 

- За чоколадниот печат користев темперирано чоколадо  и го поставив на згужвана фолија да добие таква структура подоцна го исеков со прстен и го избоив со четка 


Повеќе волшебства и уметнички дела на Шеф Филип Митевски погледнете во галеријата подолу .