„На жената во аптека која ми препорача чај од лист од малина имам да ѝ порачам: да си жива и здрава“ - Пет причини зошто треба да го пиете

Добивај вести на Viber

Чајот од листовите од малина има значителни придобивки за здравјето на жените. Богат е со скапоцени билни соединенија кои ги ублажуваат најчестите поплаки на послабиот пол, од ПМС до топли бранови во менопаузата.

Поради високото ниво на антиоксиданси, чајот од листовите од малина помага при воспаление поврзано со менструални грчеви. Како што една Ања духовито напиша во својот статус на мрежата Х - „Би имала што да и кажам на жената во аптека која ми препорача чај од листови од малина - нека е жива и здрава сто години!“ - И навистина е. Додека се обидувате да ја пронајдете волшебната таблета која ги решава проблемите кои постојано се менуваат во различни фази од животот, обидете се со оваа природна опција.

Чајот од листовите од малина не се споменува често, па малку жени знаат дека тој благотворно делува на повеќето проблеми. Ги смирува воспаленијата, промовира хормонална рамнотежа, добро е за детоксикација...

Поддршка за здравјето на репродуктивниот систем

Листот од малина традиционално се користи за регулирање на менструалниот циклус, ублажување на симптомите на предменструален синдром (ПМС) и болка за време на менструацијата. Помага во тонизирање на матката, што може да доведе до полесна бременост и побрзо закрепнување по породувањето.

Ублажување на симптомите на менопауза

Листот од малина може да помогне во ублажување на симптомите на менопаузата, како што се топли бранови и промени во расположението, бидејќи има корисен ефект врз хормоналната рамнотежа.

Детоксикација на телото

Поради своите диуретични својства, листот од малина може да помогне во исфрлањето на вишокот течности од телото, што придонесува за чистење на телото од токсини, односно детоксикација.

Го помага варењето

Благи својства кои можат да помогнат за подобрување на варењето, надуеноста и намалување на непријатноста во стомакот.

Една кафена лажичка лист од малина прелијте ја со 200 мл врела вода, оставете ја да отстои 10 минути и процедете. Пијте по една шолја 2-3 пати на ден.