Над 2000 активни случаи на Ковид-19 во земјава: Голем број новодијагностицирани и 8 починати

Близу 4000 лица во земјава се позитивни на Ковид-19, од нив над 2000 се активни случаи. А, во изминатото деноноќие според министерот за здравство Венко Филипче се направени 1213 тестирања од кои дури 196 лица се позитивни на коронавирус. Од нив најголем број се во главниот град Скопје 90 лица, понатаму Тетово со 45 ново дијагностицирани лица, Куманово со 17 нови лица позитивни на Ковид-19, во Охрид 11, во Струга и Гостивар по 8, Штип 5, Пехчево и Ресен по 2, а по еден нов регистриран случај со коронавирус во изминатите 24 часа се регистрирани во Прилеп, Велес, Крива Паланка и Свети Николе. 

За жал според податоците кои ги сподели со јавноста првиот човек на здравството, Венко Филипче починале 8 пациенти од коронавирус.