Над 4000 лица заболени од коронавирус во земјава: Голем број новодијагностицирани и 9 починати

И денес големи бројки на ново заразени од Ковид-19 во земјава. Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а се регистрирани нови 162 случаи на коронавирус. Со овие бројки има вкупно над 4000 заболени од Коронавирус во Македонија.

Од нив најголемиот број на новозаразени лица се во Скопје 92, потоа следи Тетово со 32, Ресен 14, Дебар 5, Охрид 4, Куманово и Струга по 3, Гостивар и Прилеп по 2 лица и по едно ново регистрирано лице со Ковид-19 во Штип, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Свети Николе.

Според информациите кои што ги сподели во јавноста министерот Венко Филипче во изминатото деноноќие 9 лица починале од Ковид-19.