Љубовната приказна на Надица Георгиева и Иво Јанковски

Надица Георгиева и Иво Јанковски уживаат во заедничките патувања. Важат за една од најусогласените двојки на домашната јавна сцена. Често патуваат низ Европа и убавите моменти секогаш ги споделуваат со нивните следбеници на социјалните мрежи. Кога се дома, времето најчесто го поминуваат во Трпејца.

Во една прилика Надица изјави дека бракот со Иво е најубавото нешто што ѝ се случило на љубовен план. Се запознале пред скоро две децении, набргу по нејзиното враќање од Виена.

- Еден период бевме и комшии. Подоцна работевме и на неколку заеднички проекти, така што јас и Иво многу добро се знаеме - откри Георгиева.