Надвор било минус 20 степени: Пет тинејџери на Божиќ нашле бебе во кутија за јајца

фото:printscreen

На Божиќ, пет тинејџери во Сибир на улица во близина на селото Сосновка, пронашле бебе старо само три дена во кутија за јајца, a надвор било минус 20 степени.  Бебето за среќа е добро. 

Родителите на еден од тинејџерите веднаш го однеле бебето во болница каде е констатирано дека е во добра здравствена состојба. Полицијата ја бара мајката на девојчето и отвори истрага за обид за убиство на малолетно лице, јави Би-Би-Си. 

Родителите на тинејџерот, Ана и Дмитриј Литвинов, сакаат да го посвојат бебето, но мора да почекаат да видат дали полицијата ќе ги најде нејзините роднини. Детето преживеало и покрај екстремно ниските температури карактеристични за Сибир.