Наим од „Преспав“ очекува син

Добивај вести на Viber

Актерот Адриан Азири, познат како Наим од популарната серија „Преспав“ очекува син. Неговата сопруга Нермине Зимери која е фармацевт, е во деветтиот месец од бременоста, ни потврди актерот.

Во новата, трета сезона на „Преспав“ која ќе почне  од 17 декември на МТВ, Наим ќе биде новиот сопственик на пансионот, заедно со бугарката Преслава, која ја игра Јана Маринова. 

Адриан и неговата сопруга имале интересна венчавка. 

„ За венчавката решив да биде многу поинаква од стандардните, можам во кратки точки да ви опишам неколку карактеристики. Настанот се одвиваше на 3 локации: Пречек на гостите со аперитив во бифето на театарот во Тетово (250 гости) проследена со староградски албански песни.

Отворен простор (ресторан АРМ) до театарот, продолжување со бендот од Косово по театарската изведба до 00:15 по полноќ, а потоа проследи десертот на сето ова случување, групата ФОЛТИН од Битола (иако ми се пријатели, им дадов малку пари), хахаха. Стенд ап шоу на сцена, актери: Нермине Зимери и Адриан Азири, каде што гостите од бифето, секој со влезница и реден број се преместија во театарските седишта“, изјави актерот во интревју за Женски магазин. (М.Џ.)