Најбрзиот рецепт за чоколадна торта без печење:Ќе барате парче повеќе
Фантастична мешавина од вкусови што го гали непцето
Рецепт за торта што може да го направат дури и почетниците.
Потребни намирници:
-200 гр бисквити
За фил:
-55 гр шеќер
-55 гр путер
-55 гр гриз
-25 гр мед
За глазура:
-200 мл слатка павлака
-160 гр црно чоколадо
Големина на тавче 22 х 22 см
Начин на подготовка:
Наредете еден ред бисквити на дното на тавчето.
Ставете го млекото да се загрее, додадете шеќер и гриз и промешајте. Додадете мед и путер и промешајте повторно. Изладете ја добиената смеса 15 минути. Добиениот фил премачкајте гона бисквитите. Одозгора ставете уште 1 ред бисквити и ставете го во фрижидер 1 час.
За глазура, загрејте ја слатката павлака со кршеното чоколадо во микробранова печка 2 минути. Истурете ја добиената глазура врз бисквитите, повторно изладете 1 час и послужете.
Извор и Фото: Youtube/Gurman TV
Mожеби ќе ве интересира:
Совршен спој на слатко и солено: Едноставен рецепт за похован сладолед