Најдете го балансот во вашиот дом: Рецепти со јогурт

Добивај вести на Viber

Моментите на домашна изолација го собраа цело семејство на едно место. Нашите работни места се преселија во домашните канцеларии, дневната стана училница... но барем сите сме тука за појадок, ручек и вечера на време.

Денес ќе ви дадеме неколку предлози за здрави и лесни за подготовка закуски за целото семејство.

Појадок: Пченкарни мафини со јогурт 

Лесен рецепт кој им успева на сите, ќе уживате во овие солени залчиња.

Состојки: 2 чаши Баланс+ јогурт, (200 гр) пченкарно брашно, 1 чаша брашно, 3 јајца, 100 мл масло, сол, 1/2 пециво, 200 гр сирење, 200 гр. спанаќ, 200 мл јогурт, 200 мл млеко.

Подготовка: Во сад ставете го пченкарното брашно, јајцата, брашното, солта, маслото, сирењето, спанаќот кој претходно го обаривте и јогуртот и млекото.

Се тоа добро изедначете и ставете во калапи за мафини. Печете на 200 целзиоусови степени околу 30-40 минути додека убаво не поруменат.

Служете со Баланс+ јогурт или кисело млеко.

Ручек: Запечени сарми во јогурт!

Што мислите, наместо стандардна сарма со кисела зелка да направите запечена сарма во јогурт? Вашите најмили сигурно ќе бидат воодушевени!

Состојки: 500 гр мелено месо, 1 чаша ориз, 1 голем кромид, 1 лажица суви зачини, половина лажица сол, 1 лажичка пиперка, 1 зелка, 1 јајце, 200 мл Баланс+ јогурт.

Подготовка: Исечете малку кромид, а потоа додадете месо, зачини и ориз и добро мешајте се заедно. Варете ја водата до вриење во поголем сад. Наредете ги сармите во тепсија. Кога водата ќе се свари, потопете ги срамичките на неколку минути и оставете малку да стојат. По неколку минути, отстранете ги листовите зелка и нанесете малку месо на секој лист, и завиткајте. 

Ставете ги парчињата во тепсија, наредете ги густо и истурете ја водата. Ставете во рерна и печете 90 минути. По еден час и половина, изматете го јајцето со јогурт, малку сол и ставете ја таа мешавина врз сармите. Оставете уште 10-15 минути  да се пече.

Храната е подготвена да се служи, и препорачуваме да ја послужите со кисело млеко.

Гвакамоле намаз по рецепт на Меган Маркл

Како да се направи кремаст намаз од авокадо, раскажува сопругата на принцот Хари: 

„ Додајте малку јогурт и мајонез. За секое авокадо додајте 3 лажици јогурт и 4 лажици мајонез“, вели Меган за рецептот за сос од авокадо. Таа додава дека ова е нејзиниот нов омилен рецепт за гвакамоле.

Десерт: Вишна колач

Рецепт што е превкусен и прелесен за правење.

Состојки: 2 jajцa, 1 шеќер, 1/2 чаша масло, 2 чаши брашно, 2 ванилин шеќер, 1 чаша јогурт, 1 тегла компот од вишни (може и замрзнати). 

Подготовка: Изматете ги јајцата и шеќерот и додајте ги кесичките ванилин шеќер. Потоа полека додавајте масло и мешајте со миксер. Намалете ја брзината, па додајте брашно, пециво за печење и Баланс+ јогурт. Хомогенизираната смеса се става во подмачкан сад за печење, па се додаваат вишните. Се пече на 180 целзиусови степени.

На пресечените парчиња за јадење, од горе ставете и шеќер во прав. Уживајте!