Најдобар лек против холестеролот: Евтин, а многу корисен

Ова е подобро од сите суплименти против холестерол

Високиот холестерол може да предизвика да се запушат крвните садови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и срцев удар.

Зголемениот холестерол е предизвикан пред се од премногу масна храна, пушење и алкохол, а проблемот е уште поизразен кај луѓето кои не се физички активни.

Не секој холестерол е лош - има добар и лош холестерол. Добриот холестерол (HDL) го намалува ризикот од срцеви заболувања и срцев удар, наспроти лошиот холестерол (ЛДЛ) што го зголемува.

Лененото семе, кое многумина го нарекуваат и „супер храна“, има корисен ефект врз нивото на холестерол.

Едно истражување во кое пациентите консумирале ленено семе, вкупниот холестерол го намалиле за 17 проценти, а лошиот холестерол за дури 20 проценти.

Друга студија со дијабетичари открила дека една лажица семе од ленено семе на ден за еден месец може да го симне добриот холестерол за дури 12 проценти.

Корисниот ефект на лененото семе на холестерол првенствено се должи на високата содржина на влакна на овие семиња. 

Ниската цена му дава предност во однос на многу суплименти, бидејќи 100 грама ленено семе можете да го земете за помалку од 50 денари, а ќе го користите најмалку една недела.