Најдобриот модел на панталони за жени кои сакаат да изгледаат фит: Ја издолжуваат фигурата, одат со секој моден стил и се удобни

Добивај вести на Viber

Доколку не сте навикнати да го избирате најдобриот модел на панталони за себе, држете се до некои универзални правила

Доколку сакате да купите панталони кои визуелно се издолжуваат, изберете ги оние фармерки кои имаат малку повисок струк. Лесен или тексас материјал прекрасно ќе ја нагласи фигурата, а според вашето тело можете да ја изберете неговата „јачина“, како и должината на самите панталони, пишува „Elle“.

View this post on Instagram

A post shared by (@jeanne_andreaa)


Најдобро од сè, овие панталони одат со секој стил на облека и лесно се прилагодуваат на различни стилови.


За деловната верзија на моделот „flare“, фокусот треба да биде на построг моден избор. Овој тип на панталони можете да ги купите и во појаки бои, за да создадете совршен и весел стил.

View this post on Instagram

A post shared by Julie Sergent Ferreri (@juliesfi)


Кога станува збор за вечерно излегување, овој тип на панталони најдобро одговара со ефективни кроп топови или блузи, а многу добро ќе изгледа во комбинација со корсети кои се голем хит оваа сезона.

Извор: stil.kurir.rs